Квиз натпревар по физика
На Денот на дрвото кој оваа година се организираше на 2.12.2015 година нашето училиште осмисли и реализираше низа активности преку кои се организираше настава со посебен карактер. Дел од овие активности беше и квизот по физика за учениците од трета година кој го осмисли и го реализираше професор Ангелина Додов. Квизот имаше научно – забавен карактер, а во него беа вклучени ученици од сите етнички заедници кои следат настава во нашата Гимназија. Квизот во својот состав содржеше кратки прашања, асоцијации и демонстрациони експерименти. Учениците дадоа максимален придонес со своето знаење, и при тоа уште повеќе се запознаа со тајните и предизвиците на физиката како наука. Се надеваме дека вакви квизови можат да станат практика и во секојдневната настава. Би било убаво кога би се создале услови оваа идеја да прерасне во поголем проект и да се организираат натпревари, не само на училишно ново, туку и меѓу натпреварувачки екипи од средните училишта во нашиот град.
{youtube}0kxypj-zqac|560|370{/youtube}
Учесници на квиз – натпреварот по класови беа следните ученици:
III-1
- Ивана Митевска
- Бојана Маркова
- Тања Илиевска
III-2
- Андреј Кодовски
- Тијана Димова
- Моника Таневска
III-3
- Невенка Димовска
- Јованче Џоневски
- Пенелопа Коџабашиева
III-4
1. Катерина Атанасовска
2. Олга Миљковиќ
3. Константи Атанасов
III-5
- Даниела Маркова
- Бојан Јаневски
- Вероника Николова
III-6
- Саше Петров
- Тодорка Мајсторова
- Валентина Николиќ
III-7
- Бесим Рамаданов
- Суат Усеинов
- Суарим Зекиров
Победници во квизот со освоено прво место беа учениците од III-3 клас, второто место го освоија учениците од III-6 клас,а третото место им припадна на учениците од III-5 клас.
Им честитаме на победниците на натпреварот , а на останатите учесници им се заблагодаруваме на учеството во истиот
Одговорен професор
Ангелина Додов