Литературно читање

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Литературно читање посветено на великанот на француската литература Шарл Бодлер

Во рамките на проектните задачи по француски и англиски јазик, на ден 03.12.2015 година во просториите на градската библиотека Гоце Делчев се одржа литературно читање посветено на великанот на француската литература Шарл Бодлер. Во пријатна атмосфера и амбиент, младите и талентирани ученици од нашата гимназија успеаа да ја доловат суштината на поезијата на Бодлер.

{besps}stories/ucebna2015_2016/francusko_katce/sliki{/besps}

 

Најпрво со двојазичен вовед со краток осврт на животот на авторот, а потоа и со интерпретација на стихови од неговите најпознати песни на француски, англиски и македонски јазик, учениците се обидоа да ни ја прикажат вистинската слика за неговиот мрачен и тажен живот.

За ова литературно читање да биде успешно свој придонес дадоа учениците Катерина Темелкова, Ивана Митеска, Љубчо Јованов, Јована Јаневска, Андреа Арсова, Памела Дебарлиева, Моника Ѓорѓиева, Марија Мирова, Софија Христова, Кристијан Гуновски, Невенка Димовска, Ана Мишевска, Марија Петрушевска, Емилија Мурџева, Деспина Митева и Јанче Коцев

Исто така и учениците Марија Гешовска, Мартина Коцева, Дамјан Кодонски, Тоше Цецев и Петар Костовски придонесоа со својата техничка подршка

Одговорни професори

Билјана Миланова

Христина Леова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den