МЕДИУМСКИ ДЕН – МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

МЕДИУМСКИ ДЕН – МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

И оваа учебна година, секојдневната атмосфера во новинарските редакции на медиумите имаа можност да ја почувствуваат над 130 средношколци од 14 училишта, од целата држава. Тие заедно со нивните професори беа дел од Медиумскиот ден што Институтот за комуникациски студии го организираше по петти пат на 30 октомври 2019 год.

Средношколците од Велес, Скопје, Дебар, Прилеп, Виница, Кавадарци, Битола, Куманово и Струмица, посетија вкупно осум национални и локални медиуми. Традиционални домаќини беа: МРТ, Нова Македонија, ТВ 21, Радио МОФ и Макфакс, ТВ Вис од Струмица и ТВ Тера од Битола. По посетата на медиумските куќи, седудесетина ученици ја посетија Вила Водно каде се сретнаа и разговараа со македонскиот претседател, господин Стево Пендаровски.

{besps}stories/ucebna2019_2020/mediumska_pismenost/sliki{/besps}

 

Осумтемина ученици од нашето училиште: Даниела Николовска, Ангела Петрова, Александра Здравковска, Ана Штерјова, Андријана Арсовска, Љиљана Мишева, Марко Инѓилизов и Филип Јованов, заедно со професорката Магдалена Сарагинова, ги посетија трите медиумски куќи каде имаа можност одблиску да се запознаат со работата на уредниците, новинарите, фото-репортерите, презентерите на вести, камерманите во: Радио МОФ, Редакцијата на „Нова Македонија“ и ТВ Канал 21.

Идејата за организирање на овој настан е младата публика да се запознае со улогата и функцијата на медиумите во едно општество.

Огромно беше задоволството при посетата на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, каде се дискутираше за кампањата за подобра животна средина: „Не игнорирај! Реагирај!“

Претседателот упати огромна поддршка за младите и за нивните еколошки активности, како и вложувањето во проекти од овој вид што ќе придонесе за поквалитетен живот за сите. Претседателот на крајот од средбата, истакна дека за зајакнување на јавната свест, особено значајна улога имаат медиумите и медиумската писменост за важноста на здравата животна средина.

Одговорeн професор:

Магдалена Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den