Меѓународен ден за борба против трговија со луѓе

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Меѓународен ден за борба против трговија со луѓе

На работилницата, во чија работа учествуваа 24 ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес и Средното економско училиште „Јовче Тесличков“ – Велес, презентација во вид на воведно излагање одржа Верољуб Додевски – началник на одделот за превенција при МВР СВР Велес. Тој изврши содржинска анализа на овој актуелен проблем, опфаќајќи ги сите видови трговија со луѓе, фазите на регрутирање, транспорт, криење и прифаќење на жртвите, како и постапките на надлежните и заинтересирани субјекти во државата.

{besps}stories/ucebna2017_2018/borba_trgovija_so_luge/sliki{/besps}

 

Во продолжението, учениците поделени во групи усогласуваа свои мислења и предлози за нивен активен придонес за отстранување на оваа појава и за активности на институциите на државата и други субјекти со кои може да се интензивира борбата против трговија со луѓе. По паузата следеа презентации од групите и заедничка дискусија.

Работилницата беше проследена од локалните медиуми за кои изјава даде претставникот на полицијата.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den