Меѓународен натпревар по латински јазик

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Меѓународен натпревар по латински јазик

Нашата Гимназија секогаш,со право,може да каже дека е исклучително горда што во нејзините клупи седат ученици кои постигнуваат исклучителни резултати и постигања. Тоа се потврди и овојпат кога осуммина наши ученици достојно ја претставија нашата образовна институција на Меѓународниот натпревар по латински јазик.

{besps}stories/ucebna2016_2017/Latinski_natprevar/sliki{/besps}

 

Натпреварот, многу години наназад, го организира Меѓународното здружение на класичари „Еурокласика„. На наше големо задоволство учениците кои земаа учество во овој натпревар постигнаа највисоки резултати. На натпреварот беа вклучени учениците од четврта година: Јанче Коцев, Моника Таневска, Миранда Адеми, Симона Аврамовска, Александра Настова, Наталија Тасиќ, Елена Ќимовска и Сара Тодоровска.

Комисијата ,по примените резултати од натпреварот, на сите ученици им додели највисоко признание и ги награди со златни дипломи.

На учениците им честитаме за исклучителните резултати и им посакуваме понатамошни успеси на полето на класиката.

Одговорeн професор:

Лилјана Стрезовска -Темовска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den