Младите актери повторно на сцена
Учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ ,кои немаа можност да ја гледаат премиерата на театарската претстава „Многу врева за ништо“,со задоволство ја посетија нејзината повторна изведба.
{besps}stories/ucebna2017_2018/prestava2/sliki{/besps}
Ведрата Шекспирова комедија ,која ја воспева благородноста на љубовта и ја осудува подлоста и зависта, со воодушевување беше дочекана од младите гимназијалци.Всушност, втората изведба на театарските претстави, кои со години наназад, традиционално ги подготвуваме по повод Денот на училиштето секогаш е резервирана за нашите ученици.
Тие со внимание ја проследија претставата и со силен аплауз ги наградија своите соученици кои исклучително успешно ги одиграа своите улоги.