Младите средношколци повторно ја докажаа својата хуманост
На ден 7.02.2018 година во салата „Бели Мугри“ младите актери – ученици при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ повторно ја изведоа театарската претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир.
{besps}stories/ucebna2017_2018/pret_hum/sliki{/besps}
Ведрата Шекспирова комедија, која ја воспева благородноста на љубовта и ја осудува подлоста и зависта, со воодушевување беше проследена од публиката.
Овојпат изведбата имаше хуманитарен карактер. Наша публика беа учениците од средните стручни училишта во градот: Димитрија Чуповски, Јовче Тесличков и Коле Неделковски.
По тој повод им искажуваме голема благодарност за нивната поддршка и хуманост што ја покажаа.
Несебична поддршка имавме и од учениците и професорите од нашата Гимназија.
Се надеваме дека со ваквите хумани проекти ќе продолжиме во иднина, а единствена цел ни е да им помогнеме на оние на кои помошта им е неопходна.