Еден од најважните заложби на нашата Гимназија е унапредување и осовременување на наставата. Со таа цел наставниот кадар се ангажира и воведува нови, современи и инвентивни начини за презентирање на наставните содржини. Се подготвуваат и изведуваат наменски нагледни часови на кои се врши размена на различни образовни искуства.
На 28.4.2015 година беше реализиран нагледен час по предметот физика во II1 клас. Наставната содржина беше избрана од наставната тема осцилации.
{besps}stories/ucebna2014_2015/nagleden_cas_fizika/sliki{/besps}
За учениците полесно да ги стекнат потребните знаења се пристапи до интерактивно вклучување на учениците кои преку демонстрациони експерименти го потврдија теоретското знаење од тематската единица за осцилации.
Експерименталниот метод на предавање по предметот физика е од огромно значење, бидејќи на нагледен начин ги запознава учениците со еден основен метод на физиката како наука. Освен тоа, се покажало дека овој метод е и најефективен од педагошка гледна точка, затоа што значително го задржува вниманието на учениците.
Учениците беа мошне задоволни од реализираниот час и изјавија желба ваков тип на часови почесто да се реализираат.
Одговорни професори:
Ангелина Додов