„НЕ БЛАГОДАРАМ, ЖИВОТОТ Е УБАВ“ – ПРЕДАВАЊЕ ЗА ДРОГИ И ЗАВИСНОСТИ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

„НЕ БЛАГОДАРАМ, ЖИВОТОТ Е УБАВ“ – ПРЕДАВАЊЕ ЗА ДРОГИ И ЗАВИСНОСТИ

Општинската организација на Црвениот Крст – Велес и нашата Гимназија, односно Активот по Спорт имаат долгогодишна соработка во најразлични форми. Се реализираат низа на проекти, крводарителски, хуманитарни акции и многу други активности. На 1.XII.2017 г. во соработка со МВР СВР Велес, се реализираше едукативно предавање против болестите на зависност.

{besps}stories/ucebna2017_2018/droga/sliki{/besps}

 

За препознавање на психотропни супстанции, нивните штетни влијанија и последиците по здравјето на луѓето, а пред се младите, учениците од I-2 и IV-5 клас ги запозна д-р Мартин Хаџи Наумов – волонтер во ООЦК Велес, долгогодишен проект-координатор на Центарот за зависници, додека за тоа како доаѓа до непожелните првични контакти со дрогата, криминогените дејствија кои најчесто ги извршуваат корисниците на дрога и санкциите кои следуваат од тие дела, ги запозна началникот на одделот за превенција при МВР СВР Велес, Верољуб Додевски.

Се надеваме дека со реалните примери од нашето секојдневие кои ги презентираа предавачите, успеавме да ја подигнеме свеста кај младите за деструктивните последици од консумирањето на психотропни супстанции.

АКТИВ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den