Обука во Италија во рамките на проектот newWERD – “Нов начин на истражување и развој во наставата”
„New WERD – Нов начин на истражување и развој во наставата“ е проект во програмата Еразмус координиран од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес. Проектот претставува стратешко партнерство за размена на добри практики помеѓу четири училишта: Liceul Teoretic „Tudor Arghez“, училиште од Крајова – Романија, I.I.S.S. ERASMO DA ROTTERDAM од Торино – Италија, AGRUPAMENTO DE ESCOLAS DE BARCELOS училиште од Барселос – Португалија и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес – Македонија како организација апликант.
{besps}stories/ucebna2017_2018/obu_ita/sliki{/besps}
Според предвидените активности за реализација на проектот во периодот од 29 јануари до 2 февруари 2018 година се реализираше пет дневна Тренинг обука во Торино, Италија.
На обуката учествуваа наставници од четирите партнер училишта, а целта на оваа обука е зајакнување на профилот на професијата наставник и усвојување на нови методи и алатки од СТЕМ методологијата, како и оспособување на учениците да бидат креативни, мотивирани и да применуваат наука, математика и технологија при решавање на реални проблеми во наставата.
За време на пет дневната обука се реализираа повеќе активности:
• посета и презентација на училиштето Erasmo Da Rotterdam Nichelino,
• работилница во Планетариум за примената на инструментот спектроскоп,
• работилници во училиштето Erasmo Da Rotterdam: што е спектрометрија и изработка на спектрометар со професор Andrea De Capoa,
• час со GoLab виртуелната лабораторија реализиран од професорите Raffaella Greco и Monica Gutina.
• работилница во училиштето поврзана со форензика, помогната од професори од Универзитетот во Торино и одделот за хемија на професор Franco Rotunno,
• запозанавање на Торино организирано од учениците, посета на музеи и галерии,
• прием од градоначалникот на Nichelino.
Вредноста на овие обуки се заснова на разновидноста на работната средина, различното искуство на партнер организациите и најважно учење преку активности во реален контекст. Посетата на реалните лаборатории и институции овозможуваат учениците и наставниците да постигнат нов длабок поглед во научниот свет. Учениците и наставниците од четирите партнер училишта работат заедно во креирање на работни материјали и се здобиваат со знаења и вештини во изучувањето на СТЕМ предметите.