Нашите ученици на Интернационален оnline математички натпревар
Ученици од нашата Гимназија на 30 ноември (среда) 2016 година учествуваа на Интернационалниот Math@Mac онлајн натпревар за средношколци. Натпреварот е во организација на McMaster’s Department of Mathematics & Statistics, McMaster University – Faculty of Science Canada. Учениците може да се натпреваруваат индивидуално или во тим од двајца ученици. Од нашата Гимназија учествуваа околу 60 ученици, под менторство на своите професори по математика Мариче Лазаровска, Снежана Арсеновска и Марија Гајдова.
Прашањата се проблемски ситуации кои ги мотивираат учениците и го будат нивниот натпреварувачки дух. Покрај точноста на одговорените прашања, на резултатот влијае и брзината на решавање на прашањата. Резултатите од натпреварот ќе бидат соопштени кон крајот на декември или почетокот на јануари. Им посакуваме успех на натпреварувачите.