Соработка со стручните лица: Новинарите Убавка Јаневска и Стефани Манева од областа на темата – Стилистика
Во просториите на училишната библиотека на СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин” – Велес се реализираше средба помеѓу претставничките од локалниот медиум duma.mk, Убавка Јаневска и Стефани Манева, и учениците од четврта година кои ја изучуваат темата Стилистика.
Гостите, учениците и наставниците кои изведуваат настава во четврта година по предметот Македонски јазик и литература, ги поздрави директорот на училиштето, Илија Попов, кој им посака успешна работа. Изрази надеж дека соработката и понатаму ќе продолжи, со цел учениците да бидат солидно едуцирани за медиумската писменост.
Цел на средбата беше продлабочување на знаењата од областа на публицистичкиот (новинарскиот) стил, поточно како се создава и објавува вест и како се препознава лажна вест. Учениците со интерес ја проследија презентацијата и научија корисни податоци.