ОБУКА ЗА ИНТЕРАКТИВНИ ТЕХНИКИ ВО НАСТАВАТА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОБУКА ЗА ИНТЕРАКТИВНИ ТЕХНИКИ ВО НАСТАВАТА

На 15 март, во Гимназијата, се одржа обука за вработените на тема: „Интерактивни техники во наставата“, планирана како една од активностите во Акциониот план, што е составен дел од Годишната програма за работа на Гимназијата.

1

 

Обуката беше реализирана од страна на Јовица Темов, професор по македонски јазик и литература, кој на присутните учесници им ја објасни целта на обуката – наставниците во процесот на поучување да користат интерактивни техники со кои ќе им се овозможи на учениците преку различни стилови на учење да научат најмногу што можат.

 

Учесниците на обуката се запознаа со различните видови интерактивни техники и со предностите од нивното користење во процесот на учењето:

– интерактивните техники им помагаат на учениците да бидат активни во наставата;

– му даваат повратни информации на наставникот за разбирањата на учениците и усвојувањето на наставните содржини;

– го поттикнуваат истражувањето, ставовите и вредностите на учениците во усвојувањето на новите наставни содржини;

– преку техниките учениците ефикасно учат и критички размислуваат;

– учениците самостојно и од различни аспекти ги разгледуваат информациите и оформуваат свое мислење.

 

Учесниците на обуката искажаа задоволство од можноста меѓусебно да ги разменат искуствата и знаењата за инерактивните техники и беа едногласни дека ваквите интерни обуки се многу корисни и потребно е почесто да се ораганизираат.

 

Следната интерна обука на тема: „Методи, техники и рубрики на оценување“, ќе се реализира кон крајот на месец март од страна на Сашко Николовски, професор по историја и Бошко Караџов, професор по филозофија.

 

 

 

Одговорeн професор, Јовица Темов

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den