Победата над фашизмот

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одбележани 70 години од победата над фашизмот

Одбележувањето на јубилеите секогаш претставува чест и задоволство. Оваа година се одбележува јубилеј, кој во својата агенда, го имаат многу европски, но и светски народи. Оваа година се чествуваат 70 години од денот на кој му се стави крај на големото општочовечко зло – фашизмот. На фронтовите ширум светот згаснаа животите на милиони борци кои своите животи ги положија за светата цел на целото човештво за слобода и еднаквост меѓу народите. Затоа, голем број на земји, зафатени од виорот на Втората светска војна, го слават овој ден како Ден на победа над фашизмот.

 slika

Како резултат на традиционалната соработка на нашата Гимназија со Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна нашите ученици и оваа година беа вклучени во чествувањето на 9 мај- Денот на победата над фашизмот.

За значењето на овој датум,учеството на Македонија во антифашистичкото движење и нејзиниот придонес во победата над фашизмот, преку историско сеќавање не потсетија ученичките: Бојана Страчковска и Зорица Зикова.

Во уметничкиот дел од програмата настапија: ученикот Кристијан Јорданов кој читаше своја лична творба со патриотски мотиви, како и Емилија Мурџева која прочита песна од богатата ризница на македонската патриотска поезија. Програмата ја водеше ученикот Константин Атанасов.

Одговорни професори:

Соња Карбева

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den