Штрајкот на велешките гимназијалци

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОДБЕЛЕЖАНИ 74 ГОДИНИ ОД ШТРАЈКОТ НА ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

Гимназијата „Кочо Рацин“ во соработка со Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ и оваа година достојно го одбележа 14 Март – Денот на организирањето на Штрајкот на учениците од велешката Гимназија. Оваа година прославивме седумдесет и четири години од бунтовниот 14 Март 1942 година , денот кога напредните младинци – гимназијалци го кажале своето решително, не, на бугарските окупаторски власти.

Со силно разбудена национална свест, а под раководство на месното скоевско и партиско раководство, овие млади луѓе застанале во одбрана на својот јазик и својата национална самобитност. Имале доволно храброст, иако млади, решително да го искажат своето негодување против бугарскиот јазик и пробугарските идеи наметнати во нивното образование. Нивната храброст и одважност станале уште поголеми кога во штрајкот ќе бидат поддржани, не само од своите родители, туку и од најголем број од граѓаните од Велес. Присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на учесниците во НОВ, меѓу кои и голем број гимназијалци, кои ги дале своите животи за слободата на Македонија. Меѓу присутните беше и д-р Никола Стојановски учесник во Штрајкот на велешките гимназијалци.

{besps}stories/ucebna2015_2016/74_godini_strajk_gimnazijalci/sliki{/besps}

 

Секоја година со пригодна културно – уметничка програма се одбележува овој значаен датум, не само за велешката, туку и за македонската национална историја. Одбележувањето се случи на две локации. Делегација на Основната организација на Сојузот на борци од НОВ – Велес положи свежо цвеќе пред спомен плочата во некогашната Гимназија, денес ООУ „Благој Кирков“. Се чествуваше и во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Учениците изведоа и симболичен протестен марш преку кој се обидоа да доловат дел од настаните од 1942 година. Кон присутните се обрати и претседателот на Средношколската заедница на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Саше Петров. Тој ги потсети новите генерации на гимназијалци дека треба да останат доследни продолжувачи на прогресивните идеи на некогашните генерации.

Нашите ученици и оваа година беа доследни на својата задача достојно да се одбележи годишнината од Штрајкот. Со подготовките, текот и значењето на овој историски настан не запознаа учениците: Бојана Страчковска и Зорица Зикова Патриотска поезија со мотиви инспирирани од родољубието на македонските поети читаа учениците: Емилија Мурџева, Сандра Танчева, Константин Атанасов и Кристијан Јорданов.Во музичкиот дел од програмата настапија учениците: Сандра Танчева, Кире Ацевски и Иван Милевски. Програмата ја водеа Александра Мечкаровска и Љубчо Јованов.

Одговорни професори:

Соња Карбева,Стојанче Иванов,Весна Павлова, Цветанка Карамаркова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den