ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СПОРТОТ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СПОРТОТ

Уште една потврда за ентузијазмот, организираноста и посветеноста на нашите ученици во соработка со наставниците од Активот по спорт беше спроведувањето на меѓукласните натпревари во одбојка за учениците од прва годиna по повод 6 Април – Меѓународниот ден на спортот.

{besps}stories/ucebna2017_2018/den_sport/sliki{/besps}

 

Во одлична атмосфера се одиграа интересни натпревари кои изобилуваа со натпреварувачки дух, ривалство, убави индивидуални и тимски акции, измешани чувства на радост и тага кај победниците, односно поразените. Најуспешна, победничка екипа е екипата на I – 3 клас која го освои првото место, победувајќи ја во финалето екипата на I -2 клас.

Во наредниот период ќе се реализираат меѓукласните и меѓугенерациските натпревари и од останатите генерации. Од името на сите учесници на овој настан упатуваме: СПОРТСКИ ПОЗДРАВ – ЗДРАВО.

АКТИВ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den