ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

И оваа учебна година еден октомвриски ден го посветивме на благородната водилка во нашето живеење – книгата.

Октомври е месец кога низ целиот свет, преку различни форми и манифестации, се укажува на важноста на книгата и читањето, како важен фактор во личното самообразување на секој човек.

За дружењето со убавиот пишан збор и неговата верна следбеничка- музиката го одбравме вистинското место,поточно училишната библиотека. На почетокот на поетско –музичкиот колаж ги запознавме учениците за можноста да ја разгледаат или прочитаат монографијата за нашата прерано почината музичка ѕвезда, Тоше Проески. Монографијата со наслов „Ова не е крај“ е донација за нашата библиотека од господинот Сашко Новачев, за што искрено му се заблагодаруваме.

За одбележување на месецот на книгата беше распишан литературен конкурс на тема: „Книгата – единствената вистинска магија “. Наша цел беше да им дадеме можност на младите поети да го искажат својот поетски талент. Учениците твореа на македонски јазик, но и на странските јазици кои имаат можност да ги изучуваат во нашата Гимназија. Жири комисијата во состав: Соња Карбева, Весна Павлова, Мимоза Костоска, Соња Трајчева и Љубица Темелковска реши да бидат наградени и пофалени литературните творби на следните ученици:

{besps}stories/ucebna2017_2018/mesecnakniga/sliki{/besps}

 

Во категоријата творби на македонски јазик третата награда му припадна на ученикот Стефан Ристовски од 1-4 клас, ментор Јовица Темов.
Втората награда и е доделена на ученичката Тамара Велкова од 1-2 клас, ментор Магдалена Сарагинова.

Со прва награда се закити Симона Борова од 4-3 клас, ментор Александра Стојановска.

Пофалени се и творбите на ученичките: Сара Таратакова од 3 – 2 клас, ментор Весна Павлова и Ленче Ѓорѓиова од 1-5 клас, ментор Александра Стојановска.

Во категоријата на ученици кои творea на странските јазици кои се изучуваат во нашето училиште третата награда за творба на англиски јазик и припадна на ученичката Даниела Николовска, ментор Мимоза Костоска.
Втората награда му е доделена на ученикот Стефан Ристовски од 1-4 клас, ментор Мимоза Костоска. Со прва награда се закити ученичката Сара Таратакова од 3–2 клас, ментор Соња Трајчева.

Втората награда, за творба на француски јазик, и е доделена на Тамара Трајановска од 1–5 клас, а првата награда ја доби Михаил Павлов од 1–4 клас,ментор на наградените ученици е Љубица Темелковска.

На сите учесници на конкурсот им порачуваме и понатаму да бидат креативни и оригинални во создавањето на своите творби.

Денот посветен на книгата, беше збогатен и со музички точки во вокална изведба на: Мартина Арсовска, Пале Зврцинова и Ева Димитриева кои, на гитара, ги придружуваа: Иван Милевски и Кире Ацевски.

Програмата ја водеа ученичките: Василка Карамаркова и Марија Давчева.

Одржувањето на оваа активност беше координирано од наставниците: Весна Павлова , Соња Карбева и Атанас Зафиров.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den