ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

И оваа учебна година еден октомвриски ден го посветивме на благородната водилка во нашето живеење – книгата.

Октомври е месец кога низ целиот свет, преку различни форми и манифестации, се укажува на важноста на книгата и читањето, како важен фактор во личното самообразување на секој човек.

Искрено добредојде, во овој прекрасен октомвриски ден, им посакавме на учениците од деветто одделение од основните училишта: „Кирил и Методиј“, „Васил Главинов“ и „Блаже Конески“. Со надеж дека во иднина ќе бидат наши ученици, ги поканивме и самите да бидат дел од активностите и манифестациите, преку кои ќе го покажат својот талент и своите можности и способности.

Годинешново одбележување го отпочнавме со сплет од мисли посветени на важноста на книгата и читањето кои ги пренесоа ученичките: Виола Стојанова и Викторија Маџовска.

Денот посветен на книгата, беше збогатен со видео-презентации на кои беа презентирани трејлери на познати светски филмови адаптирани според делата на познати светски автори на бестселери и светски класици.

Преку филмските адаптации на делата: „Гордост и предрасуда“ од Џејн Остин, „Хари Потер“ од Џ. К. Роулинг, „Злосторство и казна“ од Фјодор Достоевски и „Игрите на гладните“ од Сузан Колинс, учениците: Емили Митревска, Деспина Миланова, Марија Андреева, Мартина Нецинова, Наталија Велевска, Миа Трјковска, Христијан Најдов и Игор Ѓорѓиев, се обидоа да ни го потврдат фактот дека не секоја прочитана книга значи изгледан филм, но и спротивно и многу поважно да не дозволуваме да останеме само на филмската адаптација. Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува. Не постои поверен пријател од книгата.

Оваа активност беше координирана од наставниците по Македонски јазик и литература: Цветанка Карамаркова, Весна Павлова и професорката по Германски јазик, Жанет Јанев-Сарагиновски. Програмата ја водеа ученичките: Виола Стојанова и Викторија Маџовска. Пријатните мигови од оваа вечер со својот фотообјектив ги овековечи ученикот Дарко Брзаков.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den