ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

Одбележување на месецот на книгата во нашата Гимназија продолжи и оваа учебна година. Поетскиот настан се одржа на 28.10 .2015 година во ЕКО училницата на нашето училиште“. По тој повод беше распишан конкурс за литературна творба на тема „Читам за да живеам“. Нашата цел беше да им дадеме можност на младите поети, членови на проектната активност литературни клубови и драмски секции, да го искажат својот поетски талент.

{besps}stories/ucebna2015_2016/mesec_na_knigata/sliki{/besps}

 

Меѓу пристигнатите творби наградени се следниве: првата награда му припадна на ученикот Кире Ацевски од 1-3 клас. Второнаградена е творбата на Симона Борова од 2-3 клас. Третонаградена е творбата на ученичката Кристина Депинова од 1-2 клас. Благодарници за учество добија учениците: Марија Алиева од 1-3 клас, Марија Панзова од 2-1 клас и Матеа Горевска од 2-3 клас. Учениците од прва година подготвија неколку мудри мисли посветени на книгата кои ги споделија со присутните гости.

Оваа година во Рамките на проектот Партиципација на родители за поголема грижа на ученици, наша гостинка беше велешката поетеса Лила Арсова, оваа година и претседател на клубот на писатели на град Велес. Таа се обрати пред приситните ученици и останати гости со свои лични творби посветени на книгата и љубовта, истакнувајќи дека учениците слободното време треба се повеќе да го поминуваат дружејќи се со книгата. Книгите го прават животот магичен.“ Книгите остануваат засекогаш со нас.

Одговорни професори:

Весна Павлова

Александра Стојановска

Цветанка Карамаркова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den