Одбележување на Денот на МИО

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одбележување на Денот на МИО

Низата активности кои се реализираа во нашето училиште во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, беа повод за учество во манифестацијата која го одбележа прославувањето на Денот на МИО.
Домаќин на оваа манифестација во нашиот град беше ССОУ „Коле Неделковски“, а истата се одржа на 4 април 2017 година.
На манифестацијата учествуваа сите основни и средни училишта од градот претставувајќи се со активности преку кои се покажаа трудот, ангажираноста и целта на учениците, наставниците и координаторите на овој проект за соработка и интеракција помеѓу учениците од различна национална припадност.

{besps}stories/ucebna2016_2017/mio/sliki{/besps}

 

Нашето училиште посветено се вклучи во зaвршната манифестација на овој проект кој нуди можност учениците да ја изразат својата креативност и вистински да заживее соработката и интеракцијата помеѓу учениците од различна национална припадност. На настанот учествуваа ученици од прва, втора и трета година, а учество зема и претставник от од Советот на родители, Јованка Миладинова. Преку овој настан ја упативме нашата порака да го градиме мостот на разбирање и културна соработка.

Тимот на МИО

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den