Одбележувањето на 117 годишнината од раѓањето на велешанецот Георги Шоптрајанов

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На настанот организиран од страна на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Општина Велес, по повод одбележувањето на 117 годишнината од раѓањето на велешанецот Георги Шоптрајанов, присуствуваа и ученици од СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“ со професорката по Македонски јазик и литература, Весна Павлова. Пред присутните се обрати директорката на Локалната библиотека, Снежана Бошевска, истакнувајќи дека треба да се негуваат сите значајни личности за градот, меѓу кој и Георги Шоптрајанов, кој целиот свој живот го посветил на унапредување на литературата, лингвистиката и јазикот во својата татковина. Со свое обраќање се претстави и историчарот Слободан Ников, кој зборуваше за животот и делото на Шоптарјанов од историска гледна точка.Пред присутните свој настап имаа учениците од ООУ „Васил Главинов“.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: