Одбележување на Денот на училиштето
Одбележувањето на Денот на Средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“, и оваа година беше заокружен со пригодна културно – уметничка програма.
{besps}stories/ucebna2015_2016/patronat/sliki{/besps}
Уметничкиот дел од прославата беше убава можност да ја промовираме химната на нашето училиште. На текст на Рациновата песна „Копачите“, музика и аранжман изработија професорите по музичка уметност Стојанче Иванов и Ване Казамбасов. Химната промотивно ја исполни хорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ кој настапи и со композицијата „Како Вардар ќе дотече“.
Во духот на традицијата на нашето училиште и ова чествување го збогативме со театарска претстава, која со гордост ја допишуваме на „репертоарот“ на нашите драмски предизвици.Текстот на драмата „Дома“ е од руската авторка Људмила Разумовскаја.Адаптацијата на текстот и режијата се под уметничката палка на нашата долгогодишна соработничка, актерката од Народниот театар „Џинот“, г-ѓа Слободанка Чичевска.Учениците работеа во соработка со наставниците по македонски јазик и литература: Весна Павлова, Цветанка Карамаркова и Соња Карбева
На сцената со предизвикот на актерскиот „занает“ се соочија нашите ученици: Марија Баркова, Сања Мирчевска, Никола Ризовски, Филип Христовски, Кристијан Јорданов, Стефан Николовски, Кире Ацевски, Петар Андреев, Зорица Зикова, Емилија Мурџева.Марија, Панзова како инспициент. Светло и тон мајстор: Антонио Зографски.Техничката обработка е на Дино Јанакиев.
Претставата е сурова, но вистинита приказна, за судбината на група млади луѓе кои во виорот на општествените и социјалните превирања во Русија остануваат без своите родители и без своите домови.Препуштени на суровата и студена безмилосност на улицата тие копнеат по својот дом.
Приказната во „Дома“ е тажна, но таа нека биде повик да се залагаме да создадеме свет во кој сите деца ќе бидат среќни, сити и ќе имаат свој дом.
Публиката ја проследи претставта со големо внимание и беше воодушевена од професионалнаиот пристап кон актерската задача, која младите актери ја исполнија на високо ниво.