Одбележување на Денот на победа

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одбележување на Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа

Постојат историски датуми кои се врежани во колективната меморија,не само на еден народ,туку и на целото човештво. Таков датум е и 9 Мај, кој голем број на земји во светот, зафатени од виорот на Втората светска војна, го слават како Ден на победа над фашизмот како општочовечко зло. На овој ден го одбележуваме и Денот на Европа, која заедно со останатиот свет зачекорува во ново ,прогресивно време,на мир и напредок.

Голема е цената со која светот ја плати слободата над најцрната идеологија на 20 век – фашизмот. На фронтовите ширум светот згаснаа животите на милион борци кои своите животи ги положија за светата цел на човештвото, за слобода и еднаквост меѓу народите. Во таа борба се приклучиле и напредните македонски револуционери кои ги вградиле своите животи во темелите на својата држава,како дел од слободна Европа.

slika

Во соработка со Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ и антифашистичката револуција учениците од нашата Гимназија го одбележаа овој важен историски ден. Со значењето на овој датум ,забележан во светската историја,учеството на Македонија во антифашистичкото движење и нејзиниот придонес во победата над фашизмот преку историско сеќавање присутните ги запознаа ученичките: Кристина Ончева и Моника Митковска.

Избор на стихови со патриотски мотиви од македонски писатели рецитираа учениците: Сандра Танчева, Константин Атанасов и Кире Ацевски. Програмата ја водеше ученикот Кристијан Јорданов

Одбележувањето на овој историски датум уште еднаш не потсети дека со храброст,решителност и саможртва може да се победи и најголемото зло и можат да се постигнат развој и напредок на човештвото

Одговорни наставници:

Соња Карбева

Весна Павлова

Цветанка Карамаркова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den