Одиграни меѓугенерациски натпревари во кошарка

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одиграни меѓугенерациски натпревари во кошарка

Секоја учебна година Активот по спорт организира предновогодишни меѓукласни, а потоа и меѓугенерациски натпревари во кошарка. Овие натпревари причинуваат голем интерес кај учениците како за играње така и за гледање.

{besps}stories/ucebna2017_2018/natprevarikos/sliki{/besps}

 

Најпрво се одигра натпреварот помеѓу прва и втора година во кои подобри кошаркари беа учениците од прва година. Потоа се одигра натпревар помеѓу учениците од трета и четврта година. Доста неизвесен натпревар што беше решен во последните секунди, а победата им припадна на екипата од четврта година.

 

Во финалниот натпревар силите ги одмерија ученици од прва и четврта година во следниот состав: Иван Саздов, Горјан Марков, Илијан Лазаревски, Ѓоре Николов, Петар Лазарoвски, Тоше Теов, Андреј Ковиловски, Александар Ристовски, Марко Ќормишев, Виктор Барков, Злате Недев, Ице Бошковски, Љупче Зафиров, Марко Јорданов, Игор Грујовски, Оливер Славески и Кристијан Василевски. И двете екипи се покажаа одлично, беа мотивирани, се бореа до последната секунда, но искуството беше пресудно и победа издвојуваа учениците од четврта година.

 

Сите ученици што учестуваа на овој турнир се претставија во одлично светло со организирана игра во која предност имаше колективниот дух. Пред се, најважно беше другарувањето, фер-плејот, заедништвото и бодрењето. Од името на Активот по спорт на сите учесници, а посебно на победниците им честитаме за постигнатиот успех.

 

 

Спортски поздрав

Актив по спорт и спортски активности

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den