Одржана првата обука ЦКА ПХВ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одржана првата обука ЦКА ПХВ

Повторно започна со реализација проектот ЦКА ПХВ циклус 2018 во кој многу млади луѓе кои што се пријавија во Општинската организација на Црвениот крст Велес, ќе стекнат соодветна едукација за Движењето на Црвениот крст и ќе се здобијат со вештини за препознавање на потребите на заедницата и изработување мали проекти за помош на ранливо население.

{besps}stories/ucebna2017_2018/obuki_phv1/sliki{/besps}

 

Се одржаа првата обука што ја проследија вкупно 11 учесници од нашето училиште и тоа ученици од прва година. Првата обука ја одржа дисеминатор за ЦКА ПХВ и се одржа во просториите на Црвениот крст Велес, а учесниците се стекнаа со знаења за историјатот, активностите, принципите, конвенциите и амблемот на Црвениот крст.

 

Дружењето како неизоставен дел на ЦКА – ПХВ циклусите само ќе придонесе да се мотивираат овие млади луѓе за остварувањето на целите на овој проект – изработување на мали проекти за помош на одредени ранливи групи и регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на нашата организација.

 

Одговорeн професор:Елизабета Николовска

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den