Општински и Зонски натпревари во кошарка во женска конкуренција

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Општински и Зонски натпревари во кошарка во женска конкуренција

Во организација на Сојуз на училишен спорт – Велес и Општина Велес, на ден 06.03.2017 година во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ се одржаа Општинските натпревари во кошарка во женска конкуренција од средните училишта. Екипата на СОУ Гимназија Кочо Рацин го освои првото место и со тоа ги продолжи зонските натпреварувања во рамките на Федерацијата на училишен спорт на Македонија. На 07.03.2017 година исто во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ се одржа и зонскиот натпревар против СОУ Гимназија Јосиф Јосифовски-Свештарот“ од Гевгелија. Нашите ученички во состав: Евгенија Богоевска, Марија Мирова, Вероника Бениќ, Јулија Живиќ, Зарковска Анџела, Сања Илиевска, Марија Јанева и Кристина Николовска предводени од професорот по спорт и спортски активности Зоран Мајсторски одиграа одлично и издвојуваа победа од 24:21 против СОУ Гимназија „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ од Гевгелија. Со овој успех нашите кошаркарки се стекнаа со право на настап на регионален натпревар кој ќе се одржи наредната недела. Им посакуваме многу успех и квалификација на државно првенство.

{besps}stories/ucebna2016_2017/kosarka/sliki{/besps}

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den