Ораторска вечер

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Повод одбележувањето на Патрониот празник на нашето училиште, вчера вечер во големата сала на општина Велес,  се одржа првата Ораторска вечер на тема „Јазикот- тоа е големата сила на народот, на нацијата“.
Своите ораторски способности ги покажаа  учениците: Јана Пљокова, Милена Димова, Гордан Ќимов, Катерина Здравева, Нина Митевска, Викторија Панзова, Теодора Панова и Ана Бошкова. Тие се подготвувааа под менторство на професорката Милка Петровски и Жарко Спасовски, актер при театарот Ј.Х.К.Џинот – Велес.
Моќта на јазикот е главната инспирација за организирање на оваа ораторска вечер на која учениците преку своите говори ја истакнаа важноста од употребата на мајчиниот македонски јазик, а преку тоа не потсетија и на големите имиња од областа на македонската литература и јазик: Крсте П.Мисирков, Блаже Конески и Кочо Рацин.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: