ОТВОРЕН ЧАС ЗА ДЕВЕТТООДДЕЛЕНЦИТЕ, ПОД МОТОТО: „БИДИ И ТИ МЕДИУМСКИ ПИСМЕН!“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОТВОРЕН ЧАС ЗА ДЕВЕТТООДДЕЛЕНЦИТЕ, ПОД МОТОТО: „БИДИ И ТИ МЕДИУМСКИ ПИСМЕН!“

На 22. III 2019 година, со почеток во 11.30 часот, во просториите на училишната библиотека, се одржа отворен медиумски час, со деветтоодделенците од ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Кирил и Методиј“ од Велес, организиран од СА по Македонски јазик и литература при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, под мотото: „Биди и ти медиумски писмен!“

{besps}stories/ucebna2018_2019/МЕДИУМСКИПИСМЕН/sliki{/besps}

 

На часот, присутните деветтоодделенци ги поздрави, благодарност и топло добре дојде им посака, Магдалена Сарагинова, професор по Македонски јазик и литература и одговорна за Новинарскиот клуб при Гимназијата. Целта на часот беше основците да се запознаат со работата на клубот во нашето училиште, преку видеа и фотографии да им ги истакнеме нашите активности како и да научат да препознаат лажни вести кои станаа наше секојдневие.

Професорката ги запозна учениците со проектите во кои се вклучени гимназијалците. Првиот проект „Медиумска писменост и критичко размислување“ е имплементиран од Високата школа за новинарство и односи со јавноста од Скопје. Нашите ученици, заедно со одговорната професорка, три години творат, пишуваат и објавуваат колумни, стории, интервјуа, приказни, текстови од секојдневниот живот и од случувањата во нашата Гимназија и ги објавуваа во средношколското списание „Медиум“ или на нивниот електронски портал. Овој проект Европската комисија го прогласи за еден од десетте најдобрите проекти во Европа за 2019 година, на што сме многу горди. Вториот проект „Читај и меѓу редови“, во организација на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес, со своја реализација започна во месец ноември, оваа учебна година. Беа одржани еден форум и три работилници на кои учествуваа четириесет и седум ученика од прва до четврта година.

Особено сме горди и посебно сме и благодарни што со нејзиното присуство нè удостои, нашата поранешна ученичка и член на Новинарскиот клуб, Габриела Лескова, која денес е студент по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан I“. Таа на учениците им посочи колку Гимназијата и Новинарскиот клуб влијаеле на нејзината одлука каде таа ќе го продолжи своето високо образование. Преку примери, успеа да им ја долови новинарската работа за која голем дел од учениците се заинтересираа.

Своја активност на часот земаа и членовите на Новинарскиот клуб од прва и втора година. Ученичката Александра Здравевска, интерактивно ги воведе учениците во настанот; Сара Николова и Марија Богоевска ги споделија своите искуства, стекнати на летниот камп во Штип. Вежби за препознавање на лажни вести подготвија и за истите на деветтоодделенците им помагаа учениците: Матеа Несторова, Меланија Стојанова, Симона Мицева, Јована Јовановска, Филип Јованов и Марко Ингилизов. Тие ги споделија своите лични искуства, амбиции, желби и понатамошни цели. Го искажаа задоволството од образовниот процес во Гимназијата и им порачаа на деветтоодделенците разумно да го направат својот избор за понатамошната иднина.

Одговорeн професор, Магдалена Сарагинова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den