ОТВОРЕН ДЕН НА ГИМНАЗИЈАТА

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОТВОРЕН ДЕН НА ГИМНАЗИЈАТА

Отворениот ден на училиштето беше можност учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ да ја покажат својата креативност и способност во различни области пред потенцијалните гимназијалци.

На 16 мај 2022 година, бевме срдечни домаќини на голем број посетители што дојдоа во нашето училиште. Учениците од прва до четврта година го покажаа својот талент од областа на: музиката, спортот, ликовно-творечката уметност, литературата, странските јазици, природните и општествените науки.

Традиционално, повеќе години наназад, ги каниме деветтооодделенците кои го завршуваат своето основно образование, да бидат наши драги гости. Отворениот ден е можност непосредно да се запознаат со воспитно-образовниот процес и можностите и перспективите што им ги нуди гимназиското образование.

Присутните гости ги поздрави директорот на Гимназијата, господин Зоран Јованов, кој ги покани новите генерации да станат дел од Гимназијата која ќе ги одведе кон подобро утре. Пред сите посетители и слушатели ја истакна работата на наставниците и учениците во сите наставни области и учеството во повеќе проекти надвор од нашата земја, преку кои голем број ученици, заедно со нивните професори, посетија повеќе обуки.

Целиот настан беше одбележан со настапот на нашиот вокално- инструментален состав. Тие се погрижија на гостите да им овозможат пријатно расположение. Настапија учениците: Филип Настов, Климентина Ѓорѓиева, Елена Шопова, Бојана Велковска, Ема Неделкова, Михаил Петковски, Стојан Димовски и Симона Саздовска, под менторство на професорот по Музичка уметност, Атанас Зафиров.

На Отворениот ден на Гимназијата присуствуваа и претставници од повеќе државни и приватни факултети од Републикава. На тој начин ја постигнавме и втората наша цел: да го олесниме патот до изборот на понатамошното образование на годинашнава генерација матуранти. Тие имаа можност директно да комуницираат со претставниците од голем број факултети во нашата земја кои беа наши гости и на учениците матуранти им нудеа информации потребни за нивното студиско образование.

На настанот присуствуваа и претставници од локалното 5 ФМ-радио.Беше воспоставен директен контакт во живо со наши ученици кои ја истакнаа важноста и можноста на гимназиското образование за проодност кон сите факултети, гледајќи се како идни судии, актери, лекари, спортисти…

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den