Отворен ден на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“
Со настапот на училишниот хор, кој ја интерпретираше химната на Гимназијата „Копачите“, компонирана според песната на нашиот патрон Рацин, започна годинешниов Отворен ден на нашето училиште.Традиционално, повеќе години наназад, ги каниме деветтооодделенците кои го завршуваат своето основно образование да бидат наши драги гости. Отворениот ден е можност непосредно да се запознаат со воспитно – образовниот процес и можностите и перспективите кои им ги нуди гимназиското образование. Мислиме дека на тој начин ќе им помогнеме полесно да донесат решение да изберат да станат ученици на нашето реномирано училиште.
{besps}stories/ucebna2017_2018/open_day/sliki{/besps}
Присутните гости ги поздрави директорката на Гимназијата, г-ѓа Мимоза Костоска, која ги покани новите генерации да влезат преку отворената врата на Гимназијата која ќе ги однесе кон подобро утре.
Средба беше осмислена како образовен и интелектуален мостмеѓу новите генерации гимназијалци и идните студенти кои завршуваат Гимназија. Годинешнава генерација матуранти, имаше можност за директно да комуницира со претставниците од голем број факултети во нашата земја. Тие беа наши гости и на заинтересираните ученици им нудеа информации потребни за нивното студиско образование.
Целиот настан беше одбележан со настапот на нашиот вокално- инструментален состав.Тие се погрижија на гостите да им овозможат пријатно расположение.Во текот на Отворениот ден настапија голем број на ученици кои имаат талент за музичка: Инструментална изведба на композициите: Љупче Зафиров,Иван Милевски, Кире Ацевски,Петар Миновски,Андреј Ковиловски и Марко Трајков. Солистичка изведба на композициите: Мартина Арсовска, Елена Христовска, Пале Зврцинова, Ева Димитриева, Мери Спирова, Сара Атанасовска, Сандра Темелковска и Катерина Николова. Солистичка изведба на композициите: Мартина Арсовска, Елена Христовска, Пале Зврцинова, Ева Димитриева, Мери Спирова, Сара Атанасовска, Сандра Темелковска и Катерина Николова. Како придружни вокали настапија ученичките: Ева Стојановска, Марија Кимова, Талија Ѓеорѓиева и Наташа Давиткова.
Учениците: Кире Ацевски, Михаил Павлов, Сами Ша, Петар Миновски и Кристијан Спиркоски, ја разбудија својата актерска креативност и подготвија кратко хумористично видување на сите добри, но и помалку добри страни, на младешкото и ученичкото секојдневие.
Креативноста на нашиот ученик Томи Трајчевски ја препознавме во создавањето на неговата кант – авторска композиција. Томи ја изведе својата хип –хоп композиција „Внатрешниот глас“ за која го подготвил текстот, музиката и аранжманот.
Целокупниот настан го водеше нашиот некогашен ученик Кристијан Јорданов. Тој ги посети штандовите на повеќе проектни активности и наставни предмети и преку етерот на радиото 5 FM ги пренесе впечатоците на учениците кои беа вклучени во подготовките и презентациите на Отворениот ден.