„Отворен Ум без граници“
По успешно реализираниот проект ,,Отворен Ум без граници“ преку програмата „Еразмус +“ во која нашето училиште учествуваше со 12 ученика и двајца професори во градот Сомбор, неодамна пристигнаа сертификатите кои имаат меѓународен карактер. Истите свечено им беа доделени на учениците и професорите од страна на директорката на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ , Мимоза Костоска. Преку овој проект, учениците ги проширија хоризонтите на нивното размислување, научија како да ги надминат предрасудите, и стекнаа искуство и мотивација за нивен понатамошен успешен живот.
{besps}stories/ucebna2017_2018/som_bor/sliki{/besps}
Учениците ја искористија и можноста да ги пренесат своите искуства кои ги стекнаа при учество на овој проект, подготвувајќи работилница на која учествуваа околу 40 ученици од прва, втора, трета и четврта година.
Се надеваме на уште поинтензивна соработка и успешно реализирани проекти во иднина како и повторна средба со другите учесници од Србија, Унгарија и Хрватска.
Одговорни професори:Елизабета Николовска, Пете Петрушевски