Парада на мирот под мотото: „Крај на расизмот, да градиме мир!“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Парада на мирот под мотото: „Крај на расизмот, да градиме мир!“

Традиционално, по деветти пат, учениците и професорите од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, изведоа Мировна парада, одбележувајќи го 21 Септември – Светскиот ден на мирот.

Оваа година мотото на Парадата беше: „Крај на расизмот, да градиме мир!“

Рациновите следбеници: Филип Настов, Сандра Јосмов од II-4 клас, Андреј Димоски од II-1 клас, Милена Димова од II-3 клас, Јана Пљокова од I-1 клас, Андреј Божиновски од I-2 клас, Ива Ракиџиева и Викторија Панзова од I-4 клас, создадоа лични поетски творби на истоимената тема и истите ги интерпретираа пред гимназијалците во училишниот двор.

За настанот да биде поуспешно одбележан, учество земаа и останати ученици, заедно со професорите, членови на Тимот за Мировно образование, кои несебично се вложија во изработката на транспарентниот материјал.

Тим за Мировно образование

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den