Партизански одреди

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одбележана годишнината од формирањето на партизанските одреди „ Димитар Влахов “ и „Трајче Петкановски“

Традиционалната соработка на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и Општинската организација на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија продолжува и оваа учебна година. Нашите ученици беа вклучени во одбележувањето на годишнината од формирањето на партизанскиоте одреди „ Димитар Влахов “ и „Трајче Петкановски“.

Поточно,оваа година, се одбележуваат 73 годинио од формирањето на партизанскиот одред „ Димитар Влахов“ и 71 година од формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“. На деновите на формирањето на партизанските одреди и нивното значење во поновата историја на Македонија ,преку историско сеќавање, присутните ги потсетија ученичките : Бојана Страчковска и Зорица Зикова.

Во културно – уметничкиот дел од програмата ученичката Марија Шестакова рецитираше стихови од македонски поети инспирирани од љубовта и почитта кон нашата татковина. Нашата ученичка Ирена Христова е достоен следбеник на својот патрон. Младата поетеса читаше свои стихови посветени на саканата земја. Ученикот Кристијан Јорданов интерпретираше монолог од проектот„Мозаикот наречен Велес“ од авторот Љупчо Данов. Во овој текст тој ги оживеа сеќавањата на денот на ослободувањето на Велес пред 70 години. Програмата ја водеше ученикот Љубчо Јованов.

Соработката со Општинската организација на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија ќе продолжи и во иднина со цел достојно да се одбележат значајните датуми од нашата национална историја.

Одговорен професор:

Соња Карбева

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den