Поетскиот караван на Детските рацинови средби, гостин на Гимназијата.

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Поетскиот караван на Детските рацинови средби, гостин на Гимназијата.

Нашата Гимназија беше домаќин на Поетскиот караван кој е дел од активностите на Детските Рацинови средби. Соработката на Гимназијата со оваа реномирана поетска манифестација, традиционално, се одвива многу години наназад. Со оглед на фактот дека поетот кому му е посветена е наш патрон, ние сме почестени да се вклучиме во чествувањето на неговото творештво.

Гости оваа година ни беа членовите на литературниот клуб од нашиот град „Коста Солев Рацин“ : м-р Веле Алексоски и поетесата Јасмина Ѓорѓиева. Тие пред присутните ученици се претставија со дел од своето поетско творештво. Господин Алексоски,некогашен директор на Гимназијата, се заблагодари на гостопримството.Тој изрази задоволство што меѓу учениците во нашето училиште доследно се негува духот на творечкото создавање. Исто така нагласи дека меѓу помладите членови на Клубот на писателите најбројни и најплодни се токму Рациновите следбеници ,учениците од Гимназијата која го носи неговото име.

Одговорни наставници:

Соња Карбева и Весна Павлова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den