Поетско-музички колаж во чест на љубовта

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Поетско-музички колаж во чест на љубовта

„ Каде што има љубов има и живот “

Махатма Ганди

Со оваа мисла на големиот борец за човекови права и мислител , Индиецот Махатма Ганди, на 14 февруари 2017 година го одбележавме денот кој ја слави љубовта,како најблагородно човечко чувство. Овој ден во католичкиот календар е посветен на св.Валентин ,заштитникот на вљубените.Сепак , овој празник, кој ја величи љубовта, е прифатен во многу земји во светот и се слави како Ден на вљубените.

Оваа традиција ја прифативме и ние и во чест на овој ден подготвивме поетско-музички колаж со поетски творби и музички композиции инспирирани од љубовта.

Во нашата гимназија постојано имало ученици кои, како следбеници на својот патрон, Рацин, твореле своја поезија.Овој ден ,посветен на љубовта,беше убав повод да ги слушнеме нивните лични творби. Со своите прекрасни стихови за љубовта настапија младите поети: Кристијан Јорданов, Моника Тосевска, Цветанка Мирова, Симона Аврамовска, Дино Јанакиев, Петар Андреев, Симона Борова, Талија Ѓорѓиева и Славица Ацева.

{besps}stories/ucebna2016_2017/den_na_ljubovta/sliki{/besps}

 

Вечната творечка тема,љубовта,е мотив во делата на многу писатели во македонската литература.На нашиот милозвучен,мајчин,македонски јазик ги создале своите стихови постарите и поновите генерации македонски поети. Црпејќи инспирација од неисцрпниот извор на македонската љубовна лирика, тие продолжуваат со модерен поетски израз,но секогаш создавајќи прекрасни стихови за љубовта. Избор стихови од македонските поети : Кочо Рацин, Петре М.Андреевски, Радован Павловски, Виолета Танчева – Златева и индискиот нобеловец Тагоре рецитираа учениците: Сандра Танчева, Константин Атанасов, Кире Ацевски, Марија Панзова, Јанче Коцев, Александра Мечкаровска, Сања Мирчева и Драгана Кичукова.

Љубовта е непресушна инспирација и на композиторите. За неа се создадени безброј музички творби.Со композициите „Немир“ и „Остани во мене“, инспирирани од љубовта, настапија нашите ученици: Мартина Арсовска,Сандра Темелковска и Кристијан Јорданов во музичка придружба на Иван Милевски и Кире Ацевски.

Програмата ја водеа ученичките: Кристина Ончева и Моника Митковска.

Присутната публика со големо внимание го проследи интерпретирањето на поетските и на музичките творби за љубовта и ги награди со аплауз учесниците во поетско- музичкиот колаж.

Стручен актив по македонски јазик и литература

Одговорни наставници: Соња Карбева,Весна Павлова и Атанас Зафиров

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den