Поетско-музички колаж во чест на љубовта

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Поетско-музички колаж во чест на љубовта

На 14 февруари 2018 година го одбележавме денот кој ја слави љубовта,како најблагородно човечко чувство.Во православниот свет на овој ден се слави заштитникот на лозарството, св. Трифун. Во католичкиот календар тој е посветен на св.Валентин ,заштитникот на вљубените.Сепак , овој празник, кој ја величи љубовта, е прифатен во многу земји во светот и се слави како Ден на вљубените. Оваа традиција ја прифативме и ние и во чест на овој ден подготвивме поетско-музички колаж со поетски творби и музички композиции инспирирани од љубовта.

{besps}stories/ucebna2017_2018/valentine/sliki{/besps}

 

Чествувањето на љубовта беше убав повод да ја поканиме да ни биде драг гостин нашата некогашна ученичка Ирена Христова. Минатата година таа своите најубави стихови ги сочува меѓу кориците на својата втора стихозбирка „Од длабочините на моето срце“.Промоцијата на нејзината стихозбирка се случи минатата година.Нашето дружење со поезијата го збогативме со промоција на оваа збирка и пред нашите ученици.Учениците Александра Мечкаровска и Кире Ацевски ни ја претставија преку неколку песни со љубовни мотиви.Авторката им се обрати на присутните и самата презентирајќи избор од своите мотивациски пораки.

Оваа година распишавме и литературен и ликовен конкурс на тема „Во соништата и во љубовта нема невозможни нешта“. Учесниците на литературниот конкурс твореа на својот мајчин јазик, или на некој од странските јазици кои се изучуваат во нашето училиште. Професорите ги разгледаа пристигнатите творби и донесоа решение да бидат наградени следните ученици:

• Категорија творби на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК- поезија:

Прва награда Ленче Ѓорѓиова, ментор Александра Стојановска, втора награда Михаил Павлов, ментор.Јовица Темов, трета награда Сара Таратакова, ментор Весна Павлова.
Пофалени се и учениците: Симона Борова, ментор Александра Стојановска,Сами Ша, ментор Весна Павлова и Марија Јанева, ментор Цветанка Карамаркова.

• Категорија творби на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК- проза:

Прва награда Марија Богоевска ментор Магдалена Сарагинова,втора награда Тамара Трајановска, ментор Александра Стојановска , трета награда Сара Николова, ментор Магдалена Сарагинова.

• Категорија творби на АЛБАНСКИ ЈАЗИК

Прва награда Фатмије Алили, ментор Линдита Маликова.

• Категорија творби на ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК

Прва награда Тамара Трајановска, ментор Љубица Темелковска, втора награда Рабије Ајдини, трета награда Фатмије Алили, ментор на двете ученички е Билјана Миланова.

• Категорија творби на АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Прва награда Тамара Трајановска, ментор Елеонора Пановска ,втора награда Сара Таратакова, ментор Соња Трајчева.

• Категорија творби на ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Прва награда Марија Мирчевска, втора награда Ана Ковиловска, ментор Билјана Цветкова Величковска

Творбите кои пристигнаа на ликовниот конкурс ги разгледа професорот Крсте Шупев кој е ментор на сите учесници. Наградени се следните ученици:

Со прва награда е наградена Александра Митева, втората награда рамноправно им припадна на: Емина Етемовска и Сандра Јованова, третата награда им припадна на :Славица Ацева и Елена Настова.

Љубовта е непресушна инспирација и на композиторите. За неа се создадени безброј музички творби.Со композициите: „Чалгиска “ и „Ѕвона“од Каролина Гочева, Feel од Робин Вилијамс инспирирани од љубовта, настапија нашите ученици: Мартина Арсовска, Пале Зврцинова, Мери Спирова и Сара Атанасовска, во музичка придружба на: Љупче Зафиров, Иван Милевски, Андреј Ковиловски и Кире Ацевски.

Програмата ја водеа учениците: Стефани Петровска и Филип Димовски.

Присутната публика со големо внимание го проследи интерпретирањето на поетските и на музичките творби за љубовта и ги награди со аплауз: нашата гостинка Ирена Христова, учесниците во поетско- музичкиот колаж и наградените ученици.

Стручен актив по македонски јазик и литература

 

Стручен актив по странски јазици

Стручен актив по уметност

Одговорни наставници: Соња Карбева,Весна Павлова,Атанас Зафиров и Крсте Шупев

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den