Посета на музеи

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Меѓуетничка интеграција во образованието

Посета на музеи

Во рамки на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието се организираат активности, кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.

Заеднички активности во соработка и партнерство со СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија беа реализирани во Скопје на 7 април 2017 година.

Ученици од различен етникум во мешан состав заедно со одговорните професори изведоа активност во Музејот на Холокаустот и Музејот на македонската борба.

Во музејот на Холокаустот кустосот им одржи предавање на учениците.

{besps}stories/ucebna2016_2017/poseta_na_muzei/sliki{/besps}

 

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија бил официјално отворен на 10 март 2011 година, точно 68 години откако бугарските окупаторски сили ги депортирале македонските Евреи во концентрацискиот камп Треблинка. Тој се наоѓа на местото на некогашното еврејско маало-средиште на еврејскиот живот во градот до нивната депортација во концентрацискиот камп Треблинка.

Потоа учениците го посетија Музејот на македонската борба. Кустосот образложи дека музејот се состои од тринаесет хронолошки подредени одделенија. Музејската презентација е реализирана на интерактивен начин преку комбинирање на многу различни форми. Прегледот на историските настани, процеси, личности од 19 и 20 век, се надополнува со автентичната колекција на 2.749 музејски предмети – оружје, документи, фотографии, мапи, медали, весници, документарен материјал, помошни материјали – восочни фигури (153), масовни сцени и портрети (109), како и амбиентални диорами збогатени со аудио-визуелни ефекти.

Размената на информации, дружбата меѓу учениците иницираа договор за следна средба во СОУ „Јосиф Јосифовски”. Учениците од нашето училиште зедно со своите професори го посетија Саемот на книгата. Така заврши еден убав , исполнет работен ден!

Тим на МИО

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den