Посета на Собранието на Р. Македонија
Учениците од IV-та година: Филип Димковски, Александар Андоновски, Викторија Јовановска и Елена Тодорова, под менторско водење на предметниот наставник д-р Бошко Караџов, на 19.10.2018 го посетија македонскиот парламент во рамките на семинарот Демократијата и парламентаризмот на покана и во организација на Едукативниот центар на Парламентарниот институт при Собранието на Р. Македонија. Учениците имаа можност низ организираната едукативна разгледба на Собранието да се запознаат со палатата на Собранието, салите за седници и состаноци, кабинетите на Претседателот на Собранието, спомен собата на АСНОМ, свечените сали, Охридската и Струшката соба и др. монументални градби и архитектонски решенија.
{besps}stories/ucebna2018_2019/sobranie/sliki{/besps}
А во вториод дел од едукативната посета, преку предавањата и работилниците водени од страна на политичко-правните едукатори од Парламентарниот институт, учениците се запознаа со историјата, начелата и вредноста на демократијата, парламентарните процедури за донесување закони и македонскиот изборен модел. Во завршниот дел од семинарот учениците учествуваа во парламентарна симулација на формална дебата/дискусија во поглед на актуелните општествено-образовните прашања и проблеми.