Проект Меѓуетничка интеграција во образованието
Посета на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија
Се наближува крајот на учебната година кога е време за сумирање на резултатите постигнати во истата и заокружување на активностите и проектите. Неколку години наназад ,во нашето училиште, се реализира проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, а на 5 мај, оваа година, се реализираше последната активност во рамките на добиениот грант за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.
На покана на училиштето – домаќин „Јосиф Јосифовски“од Гевгелија делегација од нашето училиште составена од: директорот на училиштето, педагогот, како координатор, ученици и наставници – ментори ја посетија Гевгелија. Средбата започна со заедничка средба на наставниците – ментори, координаторите на проектот и нивните домаќини. Директорот на училиштето „Јосиф Јосифовски“ ги поздрави присутните и им посака пријатен престој во нивната средина и успешна и плодна работа.
{besps}stories/ucebna2016_2017/poseta_gevgelija/sliki{/besps}
Активностите започнаа со реализирање на работилница на тема: „Историски личности од НОВ“. Учениците, на оваа тема, изработија хамери, а исто така, подготвуваа текстови за изработка на брошура. Истовремено во спортската сала се реализираа спортски натпревари во футсал и пинг – понг. Делегациите кои беа гости на училиштето присуствуваа и на положување на цвеќе на бистата на патронот на училиштето – домаќин по повод Денот на училиштето. По тој повод беше одржан и историски час посветен на ликот и делото на револуционерот Јосиф Јосифовски.
Денот исполнет со успешно реализирани активности заврши со заслужено слободно дружење на учениците и наставниот кадар. На разделба сите си посакаа успешен крај на оваа учебна година и се поздравија со надеж за нови дружења и успешна соработка и идната година.
Тимот на МИО