Посета на збратимениот град Шербур

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Посета на збратимениот град Шербур

Делегација на Општина Велес со 34 ученици и 9 –мина професори од четирите средни училишта престојуваа во збратимениот град Шербур –Октевиљ, во францускиот регион Долна Нормандија. Младите велешки амбасадори од 11 до 18 мај заеднички работеа на реализацијата на проектот „Споделено наследство“, финансиран од Регионот Долна Нормандија, Општините Велес и Шербур во координација на АЛДА.

{besps}stories/ucebna2014_2015/francija_serbur/sliki{/besps}

 

Велешките ученици и професори досега имаа можност заеднички да работат во гимназијата „Алекси де Токвиљ“, но и да посетат голем број културни знаменитости и фабрики во Шербур и Каен. Делегацијата на Општина Велес заедно со учениците беше примена од госпоѓа Ана Пик, заменик –градоначалник на Шербур и други избрани функционери кои им посакаа добредојде на партнерите од Велес.

На 13 мај годинава, делегацијата оствари средба со госпоѓа Ани Ан, заменик претседател на Советот на Регионот Долна Нормандија како и госпоѓите Ан Семуан и Сабин Гише Лебали, одговорни за меѓународната соработка на регионот Долна Нормандија. На средбата која се одржа во седиштето на регионот, во Каен, домаќините го поздравија проектот, а особено можноста за размена на културите помеѓу младите генерации кои ги нарекоа вистински амбасадори и столбови на мирот и иднината.

Престојот во Шербур овозможи да се зајакнат и врските помеѓу театрите, библиотеките, музеите и НВО во Велес и збратимениот град Шербур за што веќе се договорени конкретни проектни активности. Сите претставници на делегацијата воспоставија успешна соработка со љубезните домаќини и активно се вклучени во реализацијата на проектот „Споделено наследство“ кој наесен ќе овозможи велешани да уживаат во архитектурата на Шербур, а граѓаните на Шербур да го запознаат архитектонското наследство на Велес , благодарение на креативноста на учениците и професорите.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den