Предавање на тема: „Стоп за насилството во училиштата“
Поттикнати од секојдневните насилства, фаталните и нефаталните напади на младите луѓе, на 30.III 2017 год. во просториите на нашето училиште, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, претставникот од Секторот за внатрешни работи – Велес, од Отсекот за превенција, началник Верољуб Додевски, одржа предавање на тема: „Стоп за насилството во училиштата“.Началникот од отсекот за превенција пред присутните ученици и наставници проговори за поимите: превенција, насилство, за видовите насилства: физичко и психичко, како и за поимот вандализам.
{besps}stories/ucebna2016_2017/stop_za_nasilstvo/sliki{/besps}
Преку примери од секојдневниот живот, на многу едноставен начин им ги презентираше наведените поими. Господинот Верољуб, истакна дека насилствата во голема мера придонесуваат кон глобална бројка на повреди, инвалидитет и предвремени загуби на младите.Началникот, им порача на учениците да бидат разумни, внимателни, трпеливи, и толерантни, за да биде се во ред. Предавањето го заврши со зборовите: „Само сега е превенција, а после тоа е санкција“.
Одговорeн професор:
Магдалена Сарагинова