Предавање за учениците од четврта година во соработка со УЈП
На 17-ти октомври во просторијата на училишната библиотека беа одржани предавања за учениците од четврта година на тема „Видови даноци и работа на Управата за јавни приходи„
{besps}stories/ucebna2018_2019/ujp/sliki{/besps}
Претставничката од УЈП г-ѓата Васе Злавкова ги упати учениците за бенифитите од плаќањето даноци, а се однесуваат како за физичките така и за правните лица. Во продолжение следуваше и појаснување за основните карактеристики на даноците како специфична јавна давачка, како и за тоа кој се ја има обврската да го плаќа персоналниот данок.
На кратко се наврати и на објаснувањето за тоа што претставува данокот на додадена вредност. Беше објаснета и повластената даночна стапка од 5% на позначајните добра и услуги. За крај г-ѓа Злавкова ја појасни и стапката на данокот на добивка и кој го плаќа истиот. Предавањето беше завршено со паролата:
„ Навременото и редовно плаќање на даноците овозможува квалитетен живот. Затоа бидете паметни“.
Координатор за предавања, работилници и трибини за учениците: Биљана Цветкова Величковска