Премиерна изведба на театарска претстава „Адвокатот Патлен“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Премиерна изведба на  театарска претстава „Адвокатот Патлен“

Трудољубивоста, ангажираноста, посветеноста и желбата да се даде најдоброто од себе, секогаш ги даваат своите резултати.

Младите актери при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес, членови на проектната активност Литературни клубови и драмски секции, вљубеници во театарската уметност, ја подготвија и изведоа театарската претстава „Адвокатот Патлен“.

Во претставата настапија учениците: Кристијан Јорданов, Сандра Танчева, Константин Атанасов, Стефан Николовски, Кире Ацевски и Петар Андреев. Во музичкиот дел на претставата беше вклучен ученикот Иван Милевски под менторство на професорот по музичка уметност, Атанас Зафиров.

{besps}stories/ucebna2016_2017/patlen/sliki{/besps}

 

Инспициент беше Ивона Андовска, а фоторафиите, постерот и флаерот за претставата ги изработи Дино Јанакиев и Виктор Миладинов.

Театарската претстава беше топло примена од присутните кои ја проследија со внимание и заинтересираност. Младите актери беа наградени од публиката со громогласен аплауз кој беше најголема пофалба и благодарност за трудот кој тие го вложиле во реализирање на претставата.

 

Одговорeн професор:

 

Весна Павлова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den