Презентација пред деветтоодделенците

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Презентација на Гимназијата пред деветтоодделенците

И оваа учебна година ги отвораме ширум вратите на Гимназијата подготвени да ги пречекаме и прифатиме идните деветтоодделенци од градот.

По тој повод на петти мај во просториите на основното училиште „Блаже Конески“ се одржа саем на презентација на средните училишта од градот. Со своја презентација се претстави и Гимназијата „Кочо Рацин“.

{besps}stories/ucebna2015_2016/prezentacija_blaze_konevski/sliki{/besps}

 

Оваа година учениците Кристијан Јорданов и Стефан Николовски преку меѓусебен дијалог ја претставија програмата што се изучува во четиригодишното гимназиско образование, како и можноста за избор на понудените подрчја. Со огромен аплауз беше поздравен нивниот настап, а нашите ученици ги поканија идните деветтооделенци на отворениот ден на Гимназијата на дванаесетти мај.

Нашето училиште беше претставено и пред другите основни училишта во градот, така што наставниците при нашата Гимназија, во соработка со наставниците од основните училишта, одржаа повеќе часови со наставни содржини што ги изучуваат деветтооделенците по програмите за деветто одделение.

Идните средношколци имаа можност да се запознаат и да ги видат своите идни наставници.

Се разбира, овој начин на презентирање на Гимназијата придонесе учениците да имаат појасна слика за квалитетот на наставниот кадар кој ги очекува во нивното ново училиште.

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den