ПРИГОДНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ПРИГОДНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА.

Денот посветен на книгата го облагородивме со настапот на младите актери од нашата Гимназија: Бојана Василковска, Сара Андреева, Кејти Андоновска, Михаил Павлов, Даниел Кaраманов и Кристијан Спиркоски. Тие се претставија со избор од драмски реплики од најпознатите драми на Горан Стефановски обединети во т.н. „Перформанс Диво месо“. Учениците, инспирирани од духовниот флуид кој се создаде во сеќавање на Стефановски, исклучително успешно ги толкуваа своите улоги. За својот успешен настап беа наградени со силен аплауз.

{besps}stories/ucebna2019_2020/mesec_kniga/sliki{/besps}

 

Настанот беше збогатен и со музички точки во вокална и инструментална изведба на: Сара Атанасовска, Мери Спирова, Елена Христовска, Стефани Ушева и Андреј Ковиловски.

Програмата ја водеа учениците: Деспина Миланова и Никола Циунов. Пријатните мигови од оваа вечер со својот фотообјектив ги овековечија учениците: Зоран Нацев и Благој Илиев.

За дружењето со убавиот пишан збор и неговата верна следбеничка – музиката, го одбравме вистинското место, училишната библиотека. Искрено добре дојде, во овој прекрасен октомвриски ден, им посакавме на учениците од деветто одделение од основното училиште „Панко Брашнар“. Со надеж дека во иднина ќе бидат наши ученици, ги поканивме и самите да бидат дел од активностите и манифестациите, преку кои ќе го покажат својот талент и своите можности и способности.

Реализирањето на оваа активност беше координирано од наставниците по македонски јазик и литература: Цветанка Карамаркова и Весна Павлова и професорот по музичка уметност, Атанас Зафиров.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den