ПРИГОДНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ПРИГОДНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

Со пригодна програма посветена на благородната водилка во нашите животи – книгата, учениците од нашата Гимназија го одбележаа Месецот на книгата.

Годинешново одбележување го отпочнавме со сплет од мисли посветени на важноста на книгата и читањето кои ги пренесоа ученичките: Виола Стојанова и Теа Спировска.

Оваа година е во знак на јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации УНЕСКО, како и нашата Влада, преку низа манифестации, од кои најзначајни се оние во самото седиште на УНЕСКО и во родното место на Конески, Небрегово, го одбележаа овој значаен јубилеј.

Во чест на великанот кој својата научна, поетска, педагошка и општествена дејност ја посвети на озаконувањето и проучувањето на нашиот мајчин, македонски јазик, оваа година одбележувањето на Месецот на книгата му го посветивме токму на Блаже Конески. Тој беше и ќе остане светилник кој го осветлуваше, и уште многу години ќе го осветлува, нашиот јазичен, творечки и културен идентитет.

За дружењето со убавиот пишан збор го одбравме вистинското место, училишната библиотека. Им посакавме искрено добре дојде на нашите нови соучениците од прва година и ги поканивме и самите да бидат дел од активностите и манифестациите, преку кои ќе го покажат својот талент и своите можности и способности.

Реализирањето на оваа активност беше координирано од наставниците по Македонски јазик и литература: Цветанка Карамаркова, Весна Павлова и Соња Карбева. Изборот на мисли за книгата и читањето го направија учениците: Емили Митревска, Емира Хусовиќ, Христијан Гајдов, Клементина Ѓорѓиевска, Клара Арсовска, Виола Стојанова, Теа Спировска и Тамара Илијевска. Техничката подготовка на видео-презентацијата која беше споделена на социјалните мрежи беше на Филип Филипов. Програмата ја водеа ученичките: Деспина Миланова и Стефанија Јакимовска. Пријатните мигови од оваа вечер со својот фотообјектив ги овековечи ученикот Борис Павлов.

——————————————————

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den