ПРИГОДНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ПРИГОДНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

Октомври е месец кога низ целиот свет, преку различни форми и манифестации, се укажува на значењето на книгата и читањето, како важен фактор во личното самообразување на секој човек.

{besps}stories/ucebna2018_2019/mesec_kniga/sliki{/besps}

 

Со пригоден поетско-музички колаж, посветен на книгата и читањето, Месецот на книгата го одбележаа и учениците од нашата Гимназија.

Годинешново одбележување го отпочнавме со сплет од мисли посветени на важноста на книгата и читањето кои ги пренесе ученикот Кире Ацевски.

Инспиративни мисли за книгата од познатите писатели: Херман Хесе, Вирџинија Вулф, Оноре де Балзак, Ернест Хемингвеј, Виктор Иго и Максим Горки, прочитаа учениците: Бојана Василковска, Амела Кицара, Сања Jанкова, Бојана Велковска, Симона Мицева, Меланија Стојанова, Михаил Павлова и Матеа Несторова.

Поезијата, музиката и сликарството се во нераскинлива врска. Се прелеваат и надополнуваат во совршена хармонија и на нашата душа и нудат духовно уживање. Вредните раце на нашите талентирани ученици: Марко Петрески и Сандра Јованова создадоа прекрасни цртежи инспирирани од книгата. Видео-презентација со фотографии инспирирани од книгата подготви ученикот Зоран Нацев.

Денот посветен на книгата, беше збогатен и со музички точки во вокална и инструментална изведба на: Пале Зврцинова, Андреј Ковиловски, Љупче Зафиров и Илија Депинов. Програмата ја водеа учениците: Кристина Ончева и Петар Андреев. Пријатните мигови од оваа вечер со својот фотообјектив ги овековечи ученикот Виктор Миладинов.

За дружењето со убавиот пишан збор и неговата верна следбеничка – музиката, го одбравме вистинското место, училишната библиотека. Искрено добредојде, во овој прекрасен октомвриски ден, им посакавме на учениците од деветто одделение од основните училишта: „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“. Со надеж дека во иднина ќе бидат наши ученици, ги поканивме и самите да бидат дел од активностите и манифестациите, преку кои ќе го покажат својот талент и своите можности и способности.

Реализирањето на оваа активност беше координирано од наставниците: Весна Павлова , Соња Карбева и Атанас Зафиров.

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den