ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБАР ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК
Професор Филимена Костова, добитник на признанието Најдобар просветен работник
По повод Денот на сесловенските просветители, св.Кирил и Методиј, секоја година се доделува признанието Најдобар просветен работник. Добитници се наставници кои постигнале исклучителни резултати во својата педагошка дејност. Ова признание за добитникот претставува особена чест и обврска и во иднина да го оправда своето реноме.
Менаџерскиот тим и наставничкиот колегиум при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес се особено горди што значајното признание за Најдобар просветен работник, во категоријата средни училишта,оваа година и беше доделено на нашата колешка, професор Филимена Костова.За нашата колешка Костова тоа е потврда за долгогодишниот успешен ангажман на полето на менторството и работата со учениците кои покажуваат особен интерес за изучување на англискиот јазик и литература,учеството на голем број обуки и семинари и реализацијата на голем број на проекти.Стекнатите знаења таа ги применува во својата воспитно – образовна работа и постигнува исклучително солидни резултати.
Филимена Костова е професор по англиски јазик со работно искуство во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес од 1991 година. Во текот на нејзината работа во Гимназијата таа има остварено значителни резултати во воспитно-образовната дејност, во дополнителната и додатната настава, како и слободните ученички активности. Зема активно учество во јавната и културната дејност на училиштето и во реализација на:обуки, проекти и едукативни семинари, за кои се здобила со признанија, благодарници и сертификати.
Комисијата за доделување на признанието Најдобар просветен работник и ја доделува оваа почесна награда на нашата колешка како заслуга за долгогодишниот ангажман и успешното спроведување на следните активности и проекти:
Учество во домашни и интернационални проекти, едукативни семинари:
• Преку ЕРАЗМУС-проектот, учество на меѓународна едукативна обука во КИПАР за изработка на проекти од областа на образование и пошироко во 2014 год.; активно учество во стручен превод на меѓународниот проект MATH LABYRINTH изработен од тим на Гимназија Кочо Рацин;
• Соработка со Мировниот Корпус на САД од 1996 година се до денес како обучувач на американските волонтери кои треба да се вклучат во образовниот процес на Македонија и соработка во изведбата на наставните програми на часовите по англиски јазик во сите учебни години;
• Член на Мировното Образование при Првата Детска Амбасада во Светот – Меѓаши, преку реализација и изведба на работилници и обуки како и дисеминација на истите;„Врсничко насилство“,„Мировно образование и Екологија“, „Улогата на просветните работници во справување со кризи“, „Детските права и мировниот активизам“, базичен и напреден тренинг за Мировно Образование,
• ФАЦИЛИТАТОР за Етичко образование -Learning to Live Together (Учиме да живееме заедно) преку – Arigatou International Geneva – Ethics Education -2018 год.
• Судија и оценувач на натпреварувачите во дебатирање на WORLD SCHOLAR’S CUP -Strumica Round;
Семинари и обуки во текот на работниот стаж во училиштето :
• преку USAID за Креативна Настава и Учење: „Со читање и пишување до критичко мислење“, „Образование за социјална правда“, „Базична обука за меѓуетничка интеграција во образованието“
• Интеграција на ИКТ во наставаната програма; Обука во рамките на ПРОЕКТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – ПРОВЕРУВАЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ;
• British Council – „Талентирани наспрема слаби ученици“, „Мотивирање на учениците“;
• преку ELTAM – Асоцијација на наставници по англиски јазика и книжевност на Р. Македонија – за овозможување и помагање на реализацијата на општински, регионален и републички натпревар по англиски јазик за основни и средни училишта, како ментор на ученици кои учествуваат на општински, регионален и републички натпревари каде имаат освоено меѓу првите три места;
• UCL – „Користење на интерактивни-современи методи и техники во наставата за средно образование“,
• Модус Центар – обука на тема „Менаџмент на криза – Комуникациски вештини, преговарање и работа во тим“,
• Обука за изготвување на посебни програми за инклузирани ученици;
• Обуки преку Црвениот Крст на Р. Македонија за пружање прва помош;
Менаџерскиот тим и наставничкиот колегиум при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес се гордеат со својата колешка, и честитаат за добиената награда и и посакуваат уште многу лични и професионални успеси во понатамошната кариера.