Проект „Споделено Наследство“
Учениците од нашата Гимназија што учествуваа во размената на ученици помеѓу Општина Велес и Општината Шербур, Долна Нормандија, овојпат имаа задача да го оформат рециклирачкиот материјал собран за втората фаза од проектот „Споделено Наследство“ – создавање на реплика на познатиот дворец „Равале“. Во расадникот на ЈКП „Дервен“ во Велес, учениците преработија над 200 пластични туби и шишиња кои ќе се искористат за овој проект, преку кој ќе се долови Шербурската атмосфера во нашиот град.
{besps}stories/ucebna2015_2016/proekt_spodeleno_nasledstvo/sliki{/besps}
Одговорни професори:
Билјана Миланова
Љубица Темелковска