Прва новинарска работилница во Младински центар – Велес
На 6. X 2022 год. во Младинскиот центар во Велес, се одржа прва новинарска работилница.
Нашите ученици: Милена Димова, Мелани Сарагинова, Филип Настов, Иван Тодоров, Викторија Дојчинова, Ања Тевчева од втора година и Стефанија Јакимовска од четврта година, земаа учество во истата. На работилницата, освен што се обучуваа за пишување вести, тие говореа и за креативни настани што би го привлекле вниманието на врсниците. Гимназијалците предложија активности за подобрување на животот на младите во градот, како на пример: читање книги на отворено, организирање забавни вечери и покажување грижа кон бездомните животни.
Препораката на гимназијалците беше, предложените активности да се организираат во соработка со центарот и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.
Одговорeн професор: Магдалена Сарагинова